Голден Арт – Аеродром ќе биде единствениот суперлигашки дуел во првото коло од новата сезона во ракометниот Куп на Македонија, одлучи денешната ждрепка во просториите на РФМ.
Вицешампионот Еурофарм Пелистер ќе има лесна задача против Шампион. Македонскиот вицешампион Алкалоид за противник го доби Драчево. Тиквеш ќе му гостува на Партизан, додека Бутел на домашен терен ќе игра против Македонија Ѓорче Петров.
Актуелниот освојувач на купот, Вардар е слободен во оваа рунда.
Бисинов Фрут Ленд – Мулти Есенс
Металург РА – Скопје 2020
Голден Арт – Аеродром
Кичево 2020 – Вардар Неготино
Е. Пелистер 2 – О. Поле
Партизан – ГРК Тиквеш
Е. Пелистер – Шампион
МРК Куманово – Текстилец
Бутел Скопје – Македонија Ѓ. П.
Борец – Пролет 62
Драчево – Алкалоид
Преспа – Радовиш
Прилеп – Јехона
Астраион – Струга
Младост 1977 – Охрид
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА