Шампионот Вардар ќе биде носител во групата А од новата сезона во Супер-лигата, беше одлучено со денешната ждрепка за сезоната 2022/23 од елитното македонско ракометно друштво.
Новиот шампионат ќе почне на 3. септември, а познати се и паровите за првото коло. Шампионот Вардар ќе тргне по одбраната на титулата во меч против тимот со исто име од Неготино, додека во група А се среќаваат уште и Струга – Куманово, Бутел – Охрид и Прилеп – Алкалоид.
Во групата Б се најдоа двете екипи на Е. Пелистер, потоа Тиквеш, Радовиш и четирите скопски екипи, Пролет, ГА, Јуниор Кисела Вода и Скопје. Вицешампионот, Еурофарм Пелистер ќе стартува со домашен натпревар против РК Скопје. Во останатите мечеви се среќаваат: Голден Арт – Пролет, Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш и Радовиш – Јуниор.
ГРУПА „А“ 1. коло: Вардар – Вардар Н, Бутел – Охрид, Струга – Куманово и Прилеп Алкалоид.
ГРУПА „Б“ 1. коло: Е. Пелистер – Скопје, Голден Арт – Пролет, Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш и Радовиш – Јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА