Познати патниците во Словачка: Зеќири дебитира во сениорскиот дрес

Македонската кошаркарска репрезентација во последниот прозорец од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година и гостува на Словачка (23 февруари) и Норвешка (26 февруари). Составот предводен од Александар Јончевски на натпреварите во Левица и Осло ќе бара перфекција откако славеше во претходните четири натпревари.

А, за предизвиците кои следат селектор одбра 12. кошаркари меѓу кои се најде и Лејсон Зеќири поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје 2, а сегашен член на Сигал Приштина.

Покрај него тука се уште: Кристијан Николов (Коњаспор), Андреј Магдевски (Донар), Војдан Стојановски, Дамјан Робев, Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром), Адем Мекиќ (Темишвар), Ти-Џеј Шортс (Телеком Баскет Бон), Теодор Симиќ (Игокеа), Стојан Ѓуроски (Оуренсе), Андреј Маслинко (Пелистер) и Страхил Николов (ТФТ Mozzart).

 

Се вчитува...