Познати полуфиналистите на НБА Купот: Нујорк и Орландо преку Торонто и Мајами стигнаа до Лас Вегас

Познати се полуфиналистите од Источната конференција во НБА Купот. Кошаркарите на Њујорк Никс и Орландо Меџик обезбедија пласман во завршниот турнир во Лас Вегас со победите над Торонто, односно Мајами. Вечерта беше одбележана со одлични настапи на Џејлен Брансон и Дезмонд Бејн, кои ги предводеа своите тимови до клучни победи.

Никси беа подори од својот противник со 117-101, пласирајќи се во полуфиналето за првпат во тригодишната историја на натпреварувањето. Тимот од Њујорк беше предводен од феноменалниот Брансон со 35 поени, од кои 26 постигна во првиот дел. Иако Репторс имаа предност по првата четвртина, Никси се вратија со „полна брзина“ во вториот дел и презедоа целосна контрола.

Клучниот момент на натпреварот беше втората четвртина, која гостите ја добија со неверојатни 34-13. Нападот на Торонто, кој го предводеше Брендон Инграм со 17 поени во првото полувреме, целосно се затвори. Целиот тим на Репторс не успеа да постигне толку многу во втората четвртина колку што постигна Инграм во првата.

Во првиот натпревар од вечерта, Орландо Меџик ги победија Мајами Хит со 117-108 на домашен терен . Гостите од Флорида го отворија натпреварот жестоко, поведувајќи со 15-0 за помалку од три минути, но Меџик не се предадоа. Предводени од неверојатниот Дезмонд Бејн , тие успеаја да се вратат и на крајот да слават. Бејн го израмни својот најдобар резултат во сезоната со 37 поени. 

Полуфиналето во Вегас носи судир меѓу стари познаници, Њујорк Никс и Орландо Меџик. Двата тима веќе трипати се сретнаа сезонава, а Орландо излезе како победник во два наврати.

Се вчитува...