Познати полуфиналистите во женскиот ракометен турнир

Женските селекции на Данска, Франција, Шведска и Норвешка ќе играат во полуфиналето на ракометниот олимписки турнир. Ова е исходот од четири натпревари одиграни во текот на денешниот ден.

Данските ракометарки со 29-25 ја совладаа селекцијата на Холандија, додека Франција со 26-23 ги победија Германките.

Шведска дури по продолженијата славеше против Унгарките со 36-32, додека Норвежанките забележаа убедлива победа над Бразил, 32-15.

Во полуфиналето ќе играат Норвешка – Данска и Шведска против Франција.

Се вчитува...