Познати противниците на македонската женска селекција до 17 години во квалификациите од Лига Б

Македонската женска репрезентција до 17 години ги доби противниците за втората квалификациска рунда во Лигата Б.

Избраничките на Катарина Милевска се наоѓаат во групата Б2, за пласман во посилна конкуренција. Македонија ќе се соочи со селекциите на Северна Ирска, Луксембург и Грузија.

Домаќин на турнирот од 28. февруари до 6. март 2026 година ќе биде токму Македонија.

ВТОРА КВАЛИФИКАЦИСКА РУНДА – ЛИГА Б

Б1: Белорусија, Литванија, Малта, Естонија

Б2: Белгија, Словенија, Фарски Острови, Азербејџан

Б3: Црна Гора, Казахстан, Молдавија, Андора

Б4: Израел, Албанија, Данска, Германија

Б5: Македонија, Северна Ирска, Луксембург, Грузија

Б6: Украина, Бугарија, Босна и Херцеговина, Ирска

Се вчитува...