Минатогодишната светска шампионка Марија Димовска се бори директно во полуфинале со Турчинката Карадаш Рабија, додека Лука Змејковски, согласно ждрепката, ќе се бори со грчкиот натпреварувач, исто во полуфинале со Еманоуилидс Иоанис.
Андријано Димишковски ќе се бори во осминафинале против Немања Глигориќ од БиХ, а Калин Бабовски исто така во осминафинале против Турчинот Карагац Хусеин. Андријано и Калин се двајцата во иста дисциплина и иста килажа, и двајцата се одлични борци поради тоа и двајцата настапуваат во иста категорија.
„Фаворити на ова првенство ни се светската шампионка од лани Марија Димовска која по повреда здобиена лани се опорави и е сега во топ форма и Лука Змејковски ланскиот светски вицешампион. Останатите двајца наши натпреварувачи Андријано Димишковски и Калин Бабовски се многу бадежни млади спортисти кои се со многу борбен дух и двајцата покажуваат голем успех и голема надеж“ – не информираа од Кикбокс федерацијата од Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

