Познати противниците на Спасеновски и Костовска на светската Премиер-лига во Париз

Познат е рапоредот и противниците на македонските карате репрезентативци Петар Спасеновски од КК Макпетрол и Вероника Костовска од КК Олимпик спорт на премиерното издание во 2025 година на светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција. Најпрестижното карате натпреварување ќе се одржува до недела, а ќе учествуваат 380 најдобри каратисти од целиот свет од 71 држава.

На Премиер лигата во соодветните категории настапуваат 32 најдобри каратисти во светот. Согласно правилата, во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група, од која само прворангираниот во групата ги продолжува борбите во четвртфиналето.

Спасеновски и Костовска, според најавите, ќе се обидат да обезбедат четвртфинале на престижниот турнир.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ И ПРОТИВНИЦИ

Категорија – 61 кг. (4 група)

Вероника Костовска – Леа Авазери (Франција)
Вероника Костовска – Марјам Ајарај (Белгија)
Вероника Костовска – Емина Шиповиќ (Босна и Херцеговина)

Категорија – 84 кг. (1 група)

Петар Спасеновски – Андриј Торашанко (Украина)
Петар Спасеновски – Јунаја Ето (Јапонија)
Петар Спасеновски – Јанне Хауболд (Германија)

Се вчитува...