ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Кире Лазаров ќе мора да паузира од две до четири недели за санација на повредата на задната ложа. Резултатите од прегледите во Загреб покажале дека капитенот на македонката репрезентација има делумно скинат мускул на задната ложа на десната нога и еден месец ќе биде надвор од терен.
Лазаров ќе треба да мирува во наредниот период, а рехабилитацијата ќе почне по враќањето во Нант.
Капитенот на македонската репрезентација се повреди во 11.минута на дуелот со Шпанија во првиот круг од втората фаза на ЕП во Хрватска. Остатокот од натпреварот Лазаров го помина на клупата. На клупата беше и на вчерашниот меч против Чешка, а влегуваше само да изведе три седмерци. Но, денеска воопшто нема да биде во составот на Македонија за последниот дуел против Данска. На негово место, селекторот Раул Гонзалес во составот го приклучи Гоце Ојлески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА