Познати се четвртфиналните парови за Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Со комплетирањето на 11. коло од Првата кошаркарска лига познати се и клубовите учесници во следното издание на Купот на Македонија кој од неодмна го носи името на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур.

Пред почетокот на колото беа познати седум учесници, но со оглед на изедначеноста на табелата постоеа повеќе опции за четвртфиналните парови. А, со комплетирање на колото сега се решени сите дилеми.

Четвртфиналните парови се: МЗТ Скопје – Гостивар (1), Пелистер – Феникс 2010 (2), Еуро Никел – Чаир 2030 (3) и Работнички – ТФТ (4).

Со овој распоред се отвара можност за полуфинално вечно дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички, доколку нашите два најтрофејни клубови ги поминат четвртфиналните пречки.

Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ ќе биде одигран од 15 до 17 февруари 2024 година.

Се вчитува...