Познати се домаќините на ФИБА Олимпискиот квалификациски турнир

Кошаркарските федерации на Грција, Летонија, Порто Рико и Шпанија ќе бидат домаќини на ФИБА Олимпискиот квалификациски турнир кој ќе се одржи од 2. до 7. јуни 2024 година во Пиреја, Рига, Сан Хуан и Валенсија, потврди ФИБА бордот.

Вкупно 24 репрезентации ќе се борат за четири места кои водат на Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Париз, Франција и воедно истите ќе им се приклучат на веќе седумтте тимови кои изборија учество на собирот на најдобрите репрезентации на светот преку Светското првенство кое се одржа оваа година и домаќинот Франција.

Како потсетување, веќе квалификуваните репрезентации покрај домаќинот се: Австралија, Јужен Судан, Јапонија, Соединетите американски држави, Канада, Србија и Германија.

Се вчитува...