Со комплетирање на петте денешни натпревари од 22. коло во Првата кошаркарска лига познати се и двојките кои ќе си ги одмерат силите во разигрувањето за титула, двојки кои воедно одиграа одлични меѓусебни натпревари оваа сезона па јасно е дека не очекува вистинско уживање уште од четвртфиналето.
МЗТ Скопје одбраната на титулата ќе ја започне во дуел со Кожув, вицешампионот Пелистер го очекува серија против Феникс 2010, ТФТ ќе се сретне со Еуро Никел, а Гостивар силите ќе си ги одмери со Работнички.
View this post on Instagram
Битката за опстанок ќе ја водат Чаир 2030, Академија ФМП, Куманово и Струмица. Таму најголеми шанси за место во „елитата“ и следната сезона имаат двата скопски клуба, а како загревање за плејаутот ќе биде и утрешниот, последен натпревар од 22. коло помеѓу Струмица и Чаир 2030 во „Парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

