Меѓународниот олимписки комитет ќе добие нов претседател во 2025 година со оглед на тоа што 12-годишниот мандат на Томас Бах истекува и тој нема право на нов реизбор.
На листата на кандидати за нов претседател се јавија седум лицa: Фејсал ал Хусеин, Себастијан Коу, Кирсти Ковентри, Јохан Елијас, Давид Лапартијен, Хуан Антонио Самаранч јуниор и Моринари Ватанабе.
Кандидатите на членовите на ИОК ќе им ја претстават својата програма преку видео линк во текот на состанок во Лозана во јануари 2025 година, а новиот избор за претседател ќе биде одржан од 18. до 21. март 2025 година во Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА