Африканската фудбалска федерација денеска ги објави официјалните дисциплински мерки по инцидентите на финалето меѓу Мароко и Сенегал во мароканскиот главен град Рабат.
Сенегалскиот селектор Папе Тиав доби суспензија од пет натпревари и парична казна од 100.000 долари поради неспортско однесување и напуштање на теренот од страна на играчите. Играчите Илиман Ндијае и Исмаила Сар се казнети со по два натпревари неиграње за неспортско однесување кон судијата. Фудбалската федерација на Сенегал ќе плати вкупно 615.000 долари казна.
Од мароканска страна, Ашраф Хакими е суспендиран на два натпревари (еден условно на една година), додека Исмаел Саибари доби три натпревари суспензија и казна од 100.000 долари. Мароканската федерација е казнета со 315.000 долари за однесувањето на собирачите на топки, инвазија во ВАР-зоната и други инциденти.
КАФ ја отфрли жалбата на Мароко за поништување на резултатот и повторување на натпреварот. Сенегал официјално останува шампион на Африка за 2025 година, откако во финалето славеше со 1-0. Овие санкции се дел од вкупни казни што надминуваат милион долари, со цел да се заштити интегритетот и фер-плејот во африканскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

