Денеска во седиштето на УЕФА во Нион, нашите екипи кои ќе ја преставуваат земјата во Европа, ќе ги добијат ривалите во 2. квалификациско коло во Лигата на шампионите и Лигата на Конференции.
Можни противници на Струга ТЛ во 2. квалификациско коло во ЛШ во случај да го мине Жалгирис се Галатасарај од Турција, победникот од дуелот Линколн – Карабах и победникот од мечот Балкани – Лудогорец.
Доколку Шкендија го мине тимот на Хаверфордвест Каунти, во 2. квалификациско коло во ЛК ќе може да се сретне со победникот од Тобол – Хонка, Б36 Торшавн – Паиде, Дрита, Борац Бања Лука или Диферданж.
Шкупи во случај да го мине тимот на Хегелман од Литванија, можни ривали за 2. квалификациско коло во Лигата на конференции му се Беитар, Левски, Габала, и победниците од мечевите Ла Фиорита – Зимбру и Балзан – Домжале.
Македонија ЃП во случај да ја мине РФС Рига, во 2. коло од ЛК ќе има за ривал некој од следните тимови: Сабах, Одрабаси, Адана Демирспор, Ворскла и победникот од дуелот Паневезус – Милсами.
Доколку Струга ТЛ биде елиминирана од ЛШ, тогаш во 2. коло од Лигата на конференции ќе игра од поразените од дуелите Балкани – Лудогорец, Хелсинки – Ларне и екипа од прелиминарната група.
ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ РИВАЛИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ РИВАЛИ ВО ЛИГАТА НА КОНФЕРЕНЦИИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА