Македонските претставници во европските фудбалски натпреварувања, Шкендија и Вардар ги добија можните ривали во 3. коло од Лигата на шампионите, можното коло во Лига Европа, како и следната рунда во Конференциската лига.
Доколку Шкендија го добие двомечеот со ФЦСБ, тогаш ќе игра со победниците од двомечите помеѓу: Ноа/Ференцварош, Пафос/Макаби или Шелбурн/Карабах.
Доколку тетовчани испаднат и продолжат со натпреваруањето во Лига Европа, тогаш ќе играат со поразените од двомечите помеѓу: Пафос/Макаби, Слован/Зрињски или Копенхаген/Дрита.
Доколку Вардар го помине второто коло од Конференциската лига и двомечот со Лозана можните ривали се: Актобе/Спарта Прага, Омонија/Торпедо, Зимбру/Астана, Рига/Дила Гори или Хибернианс/Спартак Трнава.
Ждрепката за Лигата на шампионите е во 12 часот, а два часа подоцна ќе се одржи и ждрепката за Конференциската.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

