Познати се шеширите за ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите

Динамо Загреб, Ренџерс и Копенхаген последни изборија место во групната фаза од Лигата на Шампионите. Хрватскиот, шкотскиот и данскиот тим тоа го направија со триумфите во двомечот против Бодо/Глимт, ПСВ и Трабзон со што се приклучија на елитното друштво на фудбалска Европа.

По нивниот пласман познати се и шеширите за престојната ждрепка кој ќе се одржи денеска со почеток од 18 часот.

Шешир 1: Реал Мадрид, Ајнтрахт, Манчестер Сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто, Ајакс;

Шешир 2: Ливерпул, Челси, Барселона, Јувентус, Атлетико Мадрид, Севилја, Лајпциг, Тотенхем;

Шешир 3: Борусија Дортмунд, Салцбург, Шахтјор, Интер, Наполи, Бенфика, Спортинг, Баер Леверкузен;

Шешир 4: Ренџерс, Динамо Загреб, Макаби, Марсеј, Копенхаген, Клуб Бриж, Селтик, Викторија Плзен;

Групната фаза од Лигата на Шампионите започнува на 6. септември, а ќе заврши на 2. ноевмри.

Се вчитува...