Првата тенисерка на светот Ива Швјонтек последна се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако во натпреварот од четвртото коло службено славеше против Лесија Чуренко.
Украинската тенисерка во петтиот гем побара медицинска помош и по кратката пауза одлучи да продолжи со натпреварувањето, но издржа само уште еден гем.
Полска тенисерка во четвртфиналето ќе се сретне со Кори Коко Гоф која славеше со 2-0 (7-5, 6-2) против Шмиедлова. Во четвртфиналето силите ќе ги одмерат и: Хадад Маиа и Жабер, Мучова и Павлученкова, Свитолина и Сабаленка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

