Со завршувањето на натпреварите во групите Е и Ф познати се сите парови во осминафиналето на Европското првенство во Германија. Најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу полуфиналистите од Светското првенство во 2018 година, Франција и Белгија.
Домаќинот Германија за противник ќе ја има Данска, додека актуелниот шампион Италија ќе игра против Швајцарија. Холандија со тоа што го освои третото место во групата Д доби џек-пот бидејќи во осминафиналето за противник ќе ја има Романија. Дебитантот Грузија ќе игра против Шпанија, додека Словенија за противник ќе ја има Португалија. Последните два осминафинални парови ги сочинуваат Англија – Словачка и Австрија – Турција.
Осминафиналната фаза ќе се игра од 29. јуни до 2. јули. Најслабо третопласирани екипи на шампионатот се Унгарија и Хрватска, а турнирот заврши и за: Шкотска, Албанија, Србија, Полска, Украина (единствена земја со 4 бода што не обезбедила нокаут фаза) и Чешка.
🚨 LE TABLEAU FINAL DES HUITIEMES DE FINALE DE L’EURO !
🤯 Qui ira au bout de la compétition ? #Euro2024 pic.twitter.com/r4ogIinjwx
— RMC Sport (@RMCsport) June 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА