Со денешните последни 10 средби ќе биде означен крајот на квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025, но овие натпревари ќе немаат посериозно значаење ако се знае дека веќе е позната разврската во сите квалификациски групи.
Поделени се сите билети за континенталниот собир што ќе се одржи од 27 август до 14 септември во четири земји (Кипар, Финска, Полска и Летонија), а на собирот на најдобрите од европската кошарка повторно ќе ја нема Македонија. Нашиот национален тим не успеа да стигне до пласман пред Литванија и Естонија, па победата во Полска за жал нема преголемо значење бидејќи оваа селекција како домаќин имаше обезбедено автоматско учество на Евробаскет 2025.
Македонија за последен пат учествуваше на едно ЕП пред десет години, на Евробаскет 2015 во Загреб, а по променетите календари на ФИБА следен предизвик ќе ни бидат квалификациите за Евробаскет 2029. Во меѓувреме, нашиот национален состав го очекува трнлив пат преку претквалификации за СП 2027.
Ова се репрезентациите кои стигнаа до 24-те билети за претстојниот европски шампионат:
ГРУПА А: Словенија, Израел, Португалија.
ГРУПА Б: Италија, Турција, Исланд.
ГРУПА Ц: Летонија, Белгија, Шпанија.
ГРУПА Д: Германија, Шведска, Црна Гора.
ГРУПА Е: Франција, БиХ, Кипар.
ГРУПА Ф: Грција, Чешка, Велика Британија.
ГРУПА Г: Србија, Грузија, Финска.
ГРУПА Х: Естонија, Литванија, Полска.
Who are you supporting in #EuroBasket 2025? 🏆
The field is now COMPLETE! 🧩
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 23, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

