Познати се сите учесници во Евролигата: Македонија ќе има најмалку еден претставник

Најсилното европско кошаркарско првенство, Евролигата денеска и официјано ги објави сите клубови учесници за престојнта сезоната 2024/25.

На листата на клубови веќе очекувано се и српските тимови Црвена Звезда и Партизан, а во однос на изминатата сезона дел од „кремот“ нема да биде Валенсија која ќе ја замени освојувачот на Еврокупот, екипата на Париз.

Тоа воедно значи и дека Македонија по подолго време повторно ќе има претставник во Евролигата. Тоа ќе биде Ти-Џеј Шортс, натурализираниот репрезентативец кој оваа сезона блескаше во дресот на францускиот тим кој го покори Еврокупот.

Покрај Шортс постои и голема шанса дел од Евролигата да биде и Ненад Димитријевиќ, одличниот бек кој е пред трансфер во италијанскиот шампион Олимпија Милано.

Покрај белградските гиганти, Париз и Олимпија Милано дел од Евролигата ќе бидат и: Панатинаикос, Олимпијакос, Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Алба Берлин, Баерн Минхен, Анадолу Ефес, Фенербахче, Монако, Асвел, Макаби Тел Авив, Виртус Болоња и Жалгирис.

Се вчитува...