Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави шеширите за квалфикациите за пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Македонија и покрај одличните настапи и пласманот на ЕВРО 2020, сепак останува во четвртиот шешир. Сигурно се знае дека нашиот А-тим за противник нема да може да ги добие соседите Грција, Албанија и Бугарија, како и Словенија, Црна Гора, Белорусија, Израел, Луксембург и нашиот веќе добар познаник, Грузија.
Во пет од шесте шешири ќе има по 10 национални репрезентации, само во последниот ќе бидат петте најслабо рангирани на Светската ранг листа. Најдобро пласираните од секоја група ќе обезбедат пласман на Мундијалот во Катар, додека второласираните ќе играат бараж.
Ждребот за европските квалификации за СП ќе се одржи на 4. декември во Нион, додека првите мечеви ќе се играат на 23. и 24. март следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА