Регуларниот дел од сезоната во Евролигата дефинитивно завршува вечерва, но без оглед на исходот од последните натпревари веќе е познато буквално се во пресрет на плејофот, кои осум екипи продолжуваат во битката за трофејот и како ќе изгледаат четвртфиналните двојки.
Бранителот на трофејот Реал Мадрид ќе се сретне со Панатинаикос, кој игра одлично по доаѓањето на Рик Питино. „Кралевите“ имаат и проблем повеќе ако се знае дека Серхио Љуљ заработи незгодна повреда на бутниот мускул, па сигурно ќе ја пропушти четвртфиналната серија.
Жалгирис со фантастичната победа во Мадрид над Реал стигна до толку посакуваното осмо место на табелата, што му носи на Шарунас Јасикевичиус нови пресметки со Жељко Обрадовиќ, кој со Фенер беше првопласиран во регуларниот дел од сезоната.
ЦСКА Москва ќе важи за голем фаворит во пресметките со Басконија, а најнеизвесно се очекува да биде на дуелите меѓу Анадолу Ефес и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА