Со ремито во Трондхајм меѓу Розенборг и Селтик дефинитивно се заокружи второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, па веќе се знаат и комплетните двојки за следната рунда од квалификациите.
Селтик го мина норвешкиот првак, но веќе за седум дена шкотскиот гигант ќе го чека потежок предизвик, дуел со АЕК од Атина.
Како што е добро познато, Шкендија ќе се обиде да продолжи да испишува историја во двомечот против Салцбург. Од македонските репрезентативци, Аријан Адеми со Динамо Загреб го очекува двомеч со Астана, Бобан Николов со МОЛ Види ќе се сретне со Малме, а најтежок предизвик ќе имаат Елиф Елмас и Фенербахче, кои ги очекува двомеч против Бенфика.
ДВОЈКИ ЗА 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ЗА ЛШ
Селтик – АЕК
Салцбург – Шкендија
Ц. Звезда – Спартак Трнава
Карабах – БАТЕ Борисов
Астана – Динамо Загреб
Малме – МОЛ Види
Стандард – Ајакс
Бенфика – Фенербахче
Славија Прага – Динамо Киев
ПАОК – Спартак Москва
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА