Познати сите двојки за плеј-офот во ЛШ: Ристовски и Адеми против Карабах

Со одигрувањето на реваншите во 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, познати се сите двојки во плеј-офот во Лигата на шампионите.

Таму се најде Слован Братислава, тим кој го елиминираше македонскиот првак Струга ТЛ. Словаците со нерешеното против АПОЕЛ, се пласираа во следната фаза. Бодо ГЛимт го елиминираше тимот на Јагелонија на Дарко Чурлинов, а Фенербахче не обезбеди плеј-оф, откако беше елиминиран од Лил.

Салцбург успеа со победа и на вториот меч со Твенте да се пласира во плеј-офот, додека ПАОК во голема драма, и со гол во 90. минута одигра најпрво 3-3 во регуларниот дел со Малме (првиот меч заврши 2-2), и по продолженијата прими гол за елиминација на грчкиот тим.

Ференцварош и Митјиланд одиграа нерешено 1-1 на општа радост на данскиот тим, додека Лудогорец во продолженијата доживеа дебакл до Карабах и со пораз од 2-7 се збогуваше од ЛШ. Лудогорец имаше предност по првиот меч во Азербејџан, но ја „прокоцка“ на реваншот, па така во продолженијата претрпе еден од најубедливите порази во историјата. Карабах ќе биде противник на Динамо Загреб во плеј-офот, каде што играат нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски.

Спарта Прага го елиминираше ФЦСБ со 2-3, а понатаму оди и Славија која го исфрли Сент Жилоа. Динамо Киев, пак, со триумфот во Глазгов го исфрли Ренџерс.

ДВОЈКИ, ПЛЕЈ-ОФ ЛШ

Јанг Бојс – Галатасарај

Динамо З. – Карабах

Митјиланд – Слован Братислава

Бодо Глимт – Црвена Звезда

Малме – Спарта Прага

Лил – Славија Прага

Динамо Киев – Глазгов Ренџерс

Се вчитува...