Познати сите екипи за новата сезона во Третата лига – Север, се чека комплетирање на југозападната лига

Познати се сите 14 клуба кои во новата сезона ќе играат во Третата македонска фудбалска лига – Север, во која претставници даваат општинските сојузи на Кисела Вода, Аеродром, Куманово, Скопје, Гази Баба и Липково. Третата лига-север, од сите пет трети лиги има најмногу клубови и досега немало проблеми околу пополнувањето на лигата.

Како што не информира претседателот на Третата фудбалска лига на Македонија-Север, Игор Франговски во новата сезона во лигата ќе играат: Куманово, Пчиња, Фортуна – Сингелиќ, Аеродром, Локомотива -Скопје, Кадино, Влазерими – Слупчане, БВК Коњаре, Њу Старс – Скопје, Рженичано, Башкими Љуботен, Шкендија – Арачиново и Ринија -Сарај.

За разлика од Третата лига – Север,  во Третата лига – Југозапад се уште не се знае дали од есен во неа ќе играат 12 или 10 клуба. Во оваа лига играат клубови од Општинските фудбалски сојузи на Битола, Охрид, Струга, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод. Овие два последни сојузи немаат општински лиги. Седиштето на Третата лига-Југозапад последниве две години беше во Битола, но од есен ќе се пресели во Охрид.

Според сегашната ситуација сигурни учесници во новото првенство во лигата се Караорман и Влазними од Струга, Кравари, Велешта јунајтед, Преспа, Лирија -Грнчари, Демир Хисар, Сатеска – Волино и Кораби – Дебар. Пријавена е и екипата Стрела од Могила, но се уште не е сигуирно и дали ќе игра. Се очекува да се пријават и прваците на општинските лиги на Битола и Охрид. Според некое непишано правило кое се почитува кога се во прашање Третите лиги на Македонија, доколку прваците на општинските лиги немаат финансиска можност да играат во нив, можат да играат второпласираните или третопласираните екипи.

М.М.

Се вчитува...