ПОЗНАТИ СИТЕ МАТЕМАТИКИ: Две варијанти, под кои, Македонија може и до четвртфинале!

Веќе се познати двете варијанти за македонската репрезентација околу конечниот пласман во групата од главната фаза на Светското првенство 2025, и евентуалната можност за обезбедување место во четвртфиналето, колку и да е јасно дека тоа е сведено само на теорија.

По вчерашната победа над Катар, селекцијата на Кире Лазаров остана во игра и за второто место во групата кое води во четвртфиналето на Мундијалот, а со завршувањето и на останатите два вчерашни натпревари од групата дефинитивно јасни се сите математики пред последното коло.

Македонија во моментов е на третата позиција со четири бода, колку што има и Холандија. Првопласирана е Франција со веќе обезбедено четвртфинале па во последното коло нема резултатски амбиции. На второто место во групата е Унгарија со пет бода.

Согласна теоретските математики, Македонија во последното коло мора да го победи огромниот фаворит Франција. Олеснителна околност е тоа што Французите веќе се со заверена прва позиција, но тоа не значи дека ќе бидат и немотивирани за надигрување на еден дуел на Светско првенство. Но, и наша победа над Франција воопшто, сама по себе, не значи осигурано второ место. Потоа ќе треба да се чека услуга од Катар и од Австрија.

Како и да е, Македонија утре (25. јануари) уште пред дуелот со Франција, кој започнува од 20:30 часот, ќе знае дали ќе може да се надева на второто место, затоа што во утрешниот прв натпревар во нашата група од 15:30 часот играат најпрво Холандија и Австрија, а потоа од 18 часот е дуелот Катар – Унгарија.

ДВЕТЕ ВАРИЈАНТИ ПОД КОИ МАКЕДОНИЈА БИ ОБЕЗБЕДИЛА ЧЕТВРТФИНАЛЕ:

1. Македонија да ја победи Франција, Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.

2. Македонија да ремизира со Франција, а Холандија и Унгарија да загубат од Австрија и Катар, по што би одлучувала гол-разликата.

Се вчитува...