Познати сите осминафиналисти во Купот на Македонија: Шкендија доби подарок од Јени Мале, па им даде 9 гола! (ВИДЕО)

По одигрувањето на денешните последни три 1/16-финални пресметки, познати се сите осминафиналисти во Купот на Македонија. Шкендија, Шкупи и Тиквеш се последните осминафиналисти.

Шкендија славеше со 0-9 на гостувањето против Јени Мале.

На почетокот домаќините со вистински џентламенски гест, со симболичен подарок честитајќи и го европскиот успех на Шкендија и пласманот во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА. А, потоа примија девет „парчиња“ во својата мрежа.

Шкупи, пак, со 0-2 славеше на гостувањето против Кожуф во Гевгелија, а Тиквеш со 0-1 го победи Скопје.

Претходно, во осминафиналето од Купот на Македонија место веќе обезбедија и Работнички, Силекс, Охрид, Детонит Плачковица, Беласица, Брегалница, Шкендија Арачиново, Пелистер, Башкими и Македонија ЃП, а директно место во осминафиналето имаат минатогодишните финалисти Вардар и Струга ТЛ.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ
ОХРИД: Охрид – АП Брера 1-1 (пенали: 5-3)
ВЕЛЕС: Башкими 2008 Јаболчиште – Детонит Плачковица 1-4
КАРБИНЦИ: Карбинци – Работнички 0-16
НОВАЦИ: Евротип – Силекс 1-7
ВАЛАНДОВО: Победа (В) – Брегалница 0-6
СКОПЈЕ: Љуботен – Македонија ЃП 0-14
СТРУМИЦА: Беласица – Арсими 2-2 (по пенали: 3-2)
КУМАНОВО: Шкендија (А) – Саса 1-1 (по пенали: 5-4)
ПЕТРОВЕЦ: Пчиња – Новаци 0-3
ТЕТОВО: Тетекс – Пелистер 1-2
ПРИЛЕП: Победа – Башкими 0-4
ГЕВГЕЛИЈА: Кожуф – Шкупи 0-2
ТЕТОВО: Јени Мале – Шкендија 0-9
СКОПЈЕ: Скопје – Тиквеш 0-1

Се вчитува...