Познати сите осминафинални двојки на Светското клупско првенство: Девет европски екипи, четири бразилски…!

Со натпреварите од 3. коло во Групата Х, синоќа ставена е точка на групната фаза на Светското клупско првенство во САД, па познати се веќе и сите осминафинални двојки.

Во осминафиналето ќе видиме девет европски екипи, четири бразилски, и по еден клуб од Саудиска Арабија, Мексико и САД.

Финалето на Светското клупско првенство е закажано за недела, 13 јули, со почеток во 21 часот по средноевропско време.

ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО ЌЕ ИГРААТ:

Палмеирас – Ботафого (28. јуни)
Бенфика – Челси (28. јуни)

Интер – Флуминенсе (30. јуни)
Манчестер Сити – Ал Хилал (1. јули)

ПСЖ – Интер Мајами (29. јуни)
Фламенго – Баерн Минхен (29. јуни)

Реал Мадрид – Јувентус (1. јули)
Борусија Дортмунд – Монтереј (2. јули)

Се вчитува...