Со синоќешното затворање на плеј-оф разигрувањата во Лигата на нациите, познати се и сите репрезентации кои ќе бидат дел од Б-дивизијата во Лигата на нациите следната сезона, во која ќе биде и Македонија, откако во претходното издание убедливо го освои првото место во Ц-дивизијата во својата група.
Со оглед на тоа што сега обезбедивме промоција во Б-дивизијата, Македонија ждрепката ќе ја очекува најверојатно од четвртиот шешир заедно со селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово.
Натпреварите во новата сезона од Лигата на нациите 2026/27 ќе се играат од септември до ноември 2026 година, додека плеј-оф мечевите се закажани за март 2027 година.
СИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ВО СЛЕДНАТА СЕЗОНА НА ЛИГАТА НА НАЦИИ – Б-ДИВИЗИЈА
Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
Шешир 2: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина
Шешир 3: Словенија, Грузија, Р. Ирска, Романија
Шешир 4: Шведска, МАКЕДОНИЈА, Северна Ирска, Косово
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА