Со комлетирањето на резултатите од групата 4 и дефинитивно се познати имињата на 16-те селекции кои во јануари во Хрватска ќе се борат за тронот на ракометна Европа.
Покрај Македонија, дел од овој ракометен континентален собир ќе биде и домаќинот Хрватска, како и селекциите на Фрација, Шпанија, Германија, Данска, Норвешка, Словенија, Шведска, Австрија, Црна Гора, Унгарија, Белорусија, Србија, Чешка и Исланд.
Македонија како победник во својата група ќе има привилегирана улога и ќе се најде во вториот шешир, што барем во најава би требало да значи и нешто полесна група.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА