Најмасовното издание на Светското клупско првенство ќе се одржи од 15. јуни до 13. јули 2025 година во Соединетите Американски Држави. Ждрепката за турнирот ќе се одржи на 5. декември 2023 година. На турнирот ќе учествуваат 12 клуба од Европа, шест од Јужна Америка, пет од Северна и Централна Америка, четири од Азија, четири од Африка и еден од Океанија.
Бразил ќе има четири претставници, најмногу од која било земја. Аргентина, Англија, Италија, Германија, Португалија, Шпанија и Мексико ќе имаат повеќе од еден клуб.
Учесници од Европа се Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Челзи, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Интер, Јувентус, Пари Сен Жермен, Бенфика, Порто и Салцбург.
Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Ботафого, Ривер Плата и Бока Јуниорс доаѓаат од Јужна Америка. КОНКАКАФ ќе го претставуваат Монтереј, Клуб Леон, Пачука и Сиетл Саундерс.
Азиски претставници се Ал-Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал Аин и Улсан Хјундаи. Африка ќе ја претставуваат Ал Ахли, Вајдад Казабланка, Есперанс де Тунис и Мамелоди Сандаунс.
Окленд Сити ќе ја претставува Океанија, додека Интер Мајами ќе го претставува домаќинот на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

