Познати сите учесници во европските купови: Англија со девет клуба, Македонија една од 39 земји од Европа со европска есен!

По одигрувањето на последните натпревари од плеј-оф рундите од квалификациите за Лигата на Европа и за Конференциската лига, познати се сите клубови учесници во групната фаза од европските купови во сезоната 2025/26.

Македонија е една од 39 европски земји кои ќе имаат барем еден клуб во европските купови оваа есен.

Со најголем број клубови, дури 9, е Англија од кои шест во Лигата на шампионите, два во Лига Европа и еден во Конференциската лига на УЕФА. Осум клуба ќе има Шпанија (пет во ЛШ), а по седум клуба во Европа ќе имаат Италија, Германија и Франција.

Вкупно 15 европски земји нема да имаат свои клубови во Европа, а тоа се Молдавија, Летонија, Лихтенштајн, Фарските острови, Албанија, Естонија, Литванија, Белорусија, Северна Ирска, Грузија, Велс, Луксембург, Црна Гора, Андора и Сан Марино.

РАСПРЕДЕЛБАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ СО БРОЈ НА КЛУБОВИ ВО ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ

Се вчитува...