ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ ЗА ФИНАЛЕТО: Двајцата селектори без изненадувања ќе тргнат по трофејот

Во финалето на Европското првенство во Германија се среќаваат Шпанија и Англија. Натпреварот ќе се игра во Берлин на „Олимпискиот стадион“. „Фуријата“ импресионираше на патот до мечот за трофејот, додека „Гордиот албион“ неубедливо го започна учеството, беше на работ од бездната, но сепак стигна до можност да го „врати фудбалот дома“.

Натпреварот е закажан за во 21 часот, а селекторите на двете репрезентации ги открија картите за вечерашниот меч. И двајцата селектори не се одлучија за изненадување, Де ла Фуенте ќе стартува во нападот со Јамал, Нико Вилијам и Мората, а од позадина ќе им помогне Дани Олмо.

Нема изненадување ниту во тимот на Саутгејт. Тој во нападот ќе почне со Фоден, Кејн и Сака.

СОСТАВИ: 

Шпанија Унаи Симон; Карвахал, Ле Норманд, Лапорте, Кукуреља; Родри, Фабијан Руиз, Дани Олмо; Ламине Јамал, Мората, Нико Вилијамс.

Англија: Пикфорд; Вокер, Стоунс, Геи, Шо; Мајно, Рајс; Фоден, Сака, Белингем, Кејн.

Се вчитува...