ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Познати се составите за квалификацискиот натпревар меѓу Италија и Македонија кој од 20:45 часот стартува на „Олимпико“ во Торино.
Македонскиот селектор Игор Ангеловски со неколку интересни одлуки за одбраната стартува против Италијанците. Марјан Радески го почнува натпреварот и тоа по десната страна во формацијата 3-5-2, а на една од централните дефанзивни позиции, како стопер ќе биде Стефан Ристовски, заедно со Муслиу и Велковски.
Од левата страна ќе биде Езгијан Алиоски, во средниот ред Барди, Ферхан Хасани и Стефан Спировски, и Горан Пандев и Илија Несторовски како најистурени напаѓачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА