ПОЗНАТИ СТАРТНИТЕ СОСТАВИ: Растодер во нападот, деби за Фетаи, Костадинов во средниот ред со Барди и Елмас

ЕКИПА во Даблин, Р. Ирска

Владимир Булатовиќ

Познат е стартниот состав со кој Македонија ќе се спротистави на Р. Ирска на пријателскиот натпревар во Даблин кој стартува од 20:45 часот.

Селекторот Гоце Седлоски, во формацијата 3-5-2, се одлучи за деби на Фетаи во одбраната, кој ќе биде дел од тројката стопери заедно со Зајков и Велковски, пред голманот Столе Димитриевски.

Во средниот ред се враќа Тихо Костадинов, заедно со Барди и Алими, но и Чурлинов на десната крилна позиција и Херера по левата страна, а во офанзивната двојка покрај Растодер, сега ќе биде очекувано и Елиф Елмас, кој, пак, во Данска играше како последен играч за врска.

 

Се вчитува...