Младата репрезентација на Македонија од 18:15 часот го игра вториот квалификациски натпревар за пласман на ЕП, овој пат против големиот фаворит Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
По поразот од Полска од 3-0, селекторот Горан Станиќ се одлучи за неколку измени во стартниот состав во однос на првиот натпревар во квалификациите.
Во нападот ќе биде Теодор Николовски, заедно со Трајков, а веднаш зад нив во средниот ред ќе бидат Меметриза, Ангелов, Зенделовски, Гаштаров и Данев.
На голот сега ќе биде Васко Василев, место Џеков, а во одбраната Мелиќи, џеков и Данилоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

