Судиската двојка од Босна и Херцеговина, Весна Балван и Татјана Праштало ќе ја делат правдата на премиерниот меч на женската ракометна репрезентација на Македонија против Франција на Европското првенство 2022 година на кое нашата земја е ко-домаќин заедно со Црна Гора и Словенија, одлучи Европската ракометна репрезентација.
Во петок ќе стартуваат групите А и Б, додека в сабота ќе има четири средби од групите Ц и Д. Македонија првиот меч ќе го игра на 5 ноември со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА