ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
ЕХФ рано утринава ги утврди и официјалните термини за натпреварите од групата 2 од ЕП 2018 што ќе се игра во Вараждин, а во која Македонија влегува како лидер со три бода, пред Германија, Шпанија, Данска и Чешка со по два и Словенија со еден бод.
Македонија првиот натпревар го игра на 21 јануари (недела), со почеток во 20.30 часот, како втор меч на програмата, по оној меѓу Германија и Данска во 18.15 часот.
Во второто коло на 23 јануари се среќаваме со Чешка исто така во 20.30 часот, а пред последниот дуел нашите ракометари ќе имаат помалку од 24 часа за одмор, со оглед на фактот дека со Данска ќе се сретнат на 24 јануари во 18.15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА