Првото проширено издание на Светското првенство ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико, а наместо 32, ќе се натпреваруваат дури 48 репрезентации.
Веста е дека ќе се играат по четири натпревари секој ден, додека досега беа максимум три. За европските и африканските навивачи ќе биде тешко да се следат бидејќи датумите се планирани во 18.00, 21.00, 00.00 и 03.00 часот по средно европско време.
Моделот на распоред е базиран на искуството од Светското клупско првенство, кое покажа колку топлината може да ги отежни условите за игра. Затоа, клучните натпревари ќе се играат подоцна во текот на денот за да се заштити здравјето на играчите.
Иако термините од 18.00 и 21.00 би биле идеални за европската публика, во САД тие одговараат на пладневните часови, кога температурите се највисоки. Потпретседателот на ФИФА, Виктор Монтаљани, призна дека жештината е сериозен проблем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

