Далас Маверикс и Бостон Селтикс се среќаваат во големото финале на НБА лигата, а цените на билетите, во согласност со побарувачката, нагло пораснаа. Во четвртокот Мавс ја совладаа Минесота Тимбервулфс со 124-103 и стигнаа до третото НБА финале во историјата на франшизата, прво од 2011 година.
Тие ќе играат со Бостон Селтикс во финалето, а првиот натпревар е закажан за следниот четврток. Продажбата на билетите започна овој петок. Првиот натпревар се игра во Бостон, а „Форбс“ наведува дека најниската цена на влезниците во моментов е 900 долари и дека како што ќе напредува серијата, цените ќе бидат повисоки.
Најевтините места подоцна ќе чинат 931 долар, исто така за мечевите во Бостон. Третиот и четвртиот натпревар се играат во Далас – најевтиниот билет за третиот ќе биде 1.209 долари, а за четвртиот 1.372 долари.
За шестиот натпревар, билетот ќе чини околу 1.300 долари, а за потенцијалниот седми натпревар, 1.987 долари. Доколку се случи, ќе се игра на 23. јуни во Бостон. За најдобрите места во салата треба да се одвојат 49.041 долар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА