Џејлен Грин од Хјустон, Хуан Тоскано Андерсон од Голден Стејт, Оби Топин од Њујорк и Кол Ентони од Оралндо ќе бидат учесници на натпреварот во забивање на „Ол стар“ викендот во НБА лигата, пренесуваат добро упатените новинари во случувањата во најсилното кошаркарско првенство во светот.
Оби Топин учествуваше и минатата година, додека останатите тројца за првпат ќе се појават на ова натпреварување. Натпреварот во забивање е закажан за 19. февруари, а ден подоцна ќе се одржи и „Ол стар“ натпреварот во Кливленд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

