Познати учесниците на натпреварот за шутирање тројки на „Ол-стар“ викендот

Наближува НБА Ол стар викендот, а веќе се знае кој ќе учествува во натпреварот за шутирање три поени.

Заедно со натпреварот во забивање, шутот за три поени е белег на Ол-стар викендот во НБА, па оваа година најдобрите шутери ќе имаат можност да го однесат трофејот дома.

За најдобар „тројкаш“ сезонава во НБА ќе се борат: Демиен Лилард, Џејлен Брансон, Кејд Канингем, Дариус Гарланд, Тајлер Хиро, Бади Хилд, Камерон Џонсон и Норман Пауел.

Најдобар процент оваа сезона има Норман Пауел (43,1), следен од Дариус Гарланд (42,9), а трет е Камерон Џонсон (41,7). Минатогодишниот натпревар го освои Лилард, кој ја брка својата трета титула по ред и со тоа ќе стане третиот играч во историјата кој три пати по ред победил на натпреварот. Лери Бирд и Крег Хоџис го направија тоа пред него.

Натпреварот во шутирање три поени е закажан за 15 февруари во Сан Франциско.

Се вчитува...