Познати учесниците во новата сезона во СЕХА лигата

Познати се сите десет учесници во 11. сезона од регионалната ракометна СЕХА лига. Како и минатата сезона така и оваа македонски претставници во ова натпреварување ќе бидат Вардар и Еурофарм Пелистер.

Двократниот европски шампион сезонава дел од групата Б каде ќе се сретне со белорускиот Мешков Брест, украинскиот Мотор Запорожје, хрватскиот Нексе и српска Војводина. Пелистерци од друга страна се наоѓаа во А сегментот каде ќе ги имаат за ривали унгарскиот Веспрем, ППД Загреб од Хрватска, словачки Татран Прешов и српски Партизан.

Најдобрите три од секоја од групите ќе се пласираат во четвртфиналето, каде ќе ги чекаат победниците од дуелите меѓу четврто и петто пласираните.

 

Се вчитува...