Познати учесниците во плеј-офот од Суперлигата во пингпонг на Македонија

На две кола пред крајот, познати се учесниците во плеј-офот пингпонгарската Суперлига на Македонија. Првопласираните четири екипи без грижи за својот пласман ги очекуваат последните две кола.

А, кој од екипите на Радовиш, Крива Паланка 2007, Вардар и Работнички, и во следната сезона ќе се натпреварува во елитата ќе се знае по одигрувањето на сите 18 кола од првенството. Телеком НЕЦ и Струга од следната сезона ќе се натпреваруваат во рамките на Првата лига за сениори.

Во рамките на 15. и 16. кола лидерот Младост 96 од Прилеп уште еднаш ја покажа својата доминација со две максимални победи и само го потврди тоа што се очекува, дека со потенцијалот на играчи клубот е најсериозен кандидат за освојување на шампионската титула.

Во првата лига лидерот Мултитекс доживеа непријатен пораз од Рисови со максимални 4:0 и за задржување на првото место и директен пласман во супер лигата потребна им е победа против Борец ТИМ, доколку го загубат и тој натпревар ќе го изгубат и лидерското место, и ќе им овозможат на Рисови директно да се пласираат во Суперлигата.

Суперлига – Резултати XV коло
Струга – Работнички 0-4
Младост – Вардар 4-0
Радовиш – Телеком Нец 4-3
Крива Паланка 2007 – Шампион ФА 0-4
Младост 96 – Телеком Нец 2 4-0

Суперлига – Резултати XVI коло
Работнички – Младост 96 0-4
Телеком Нец 2 – Крива Паланка 2007 4-0
Шампион ФА – Радовиш 4-2
Телеком Нец – Младост 1-4
Вардар – Струга 4-0

Вчера во Крива Паланка се одржа првиот бодовен турнир за јуниори. Најуспешна беше екипата на Крушево која во двете конкуренции освои 4 медали.

Пласман Јуниори
1. Теодор Волкановски – ППК Крушево
2. Лука Стојчев – ППК Шампион ФА
3. Борис Секулов – ППК Астраион; Нико Доага – ППК Крушево

Пласман Јуниорки
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
2. Софија Хасану – ППК Крушево
3. Сара С. Стојановска – ППК Крива Паланка; Васе Богоевска – ППК Крушево

Се вчитува...