Познати замените за „Ол-стар“ викендот – Леброн Џејм ги поместува границите!

НБА лигата ги објави имињата на кошаркарите кои ќе бидат резерви на Ол-стар натпреварот, кој ќе биде на програмата од 13 до 15 февруари во Лос Анџелес.

Тој нема да биде стартер оваа година, но Леброн Џејмс ја продолжи својата рекордна серија. „Кралот“ повторно беше избран за Ол-стар по 22-ри пат по ред и со тоа го сруши сопствениот рекорд по број на вкупни и последователни избори на Ол-стар.

На чело меѓу играчите избрани покрај Џејмс беше крилниот играч на Хјустон Рокетс, Кевин Дурант, кој го има своето 16-то учество на Ол-стар, четврто најмногу во историјата на лигата.

Со тоа, тој ги надмина членовите на Куќата на славните: Тим Данкан и Кевин Гарнет, а сега само покојниот Коби Брајант (18), Карим Абдул-Џабар (19) и Џејмс се пред него.

Заедно со Џејмс и Дурант, Западната конференција е претставена од тројца дебитанти како резерви: плејмејкерот на Денвер Нагетс, Џамал ​​Мареј, центарот на Оклахома Сити Тандер, Чет Холмгрен и крилото на Портланд Треил Блејзерс, Дени Авдија. Бекот на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс и бекот на Феникс Санс, Девин Букер, го комплетираат списокот на избрани резерви на Западот.

Во Источната конференција, центарот на Њујорк Никс, Карл-Ентони Таунс, е еден од избраните. А нему друштво ќе му прават и бекот на Кливленд Кавалирс, Донован Мичел, крилниот центар на Индијана Пејсерс, Паскал Сиакам, крилниот центар на Торонто Репторс, Скоти Барнс, како и тројца дебитанти: центарот на Детроит Пистонс, Џејлен Дурен, бекот на Мајами Хит, Норман Пауел и крилниот центар на Атланта Хокс, Џејлен Џонсон.

Се вчитува...