Познатиот Дани Макели ќе го суди реваншот меѓу Карабах и Шкендија

Еден од најпознатите судии во моментов во светот Дани Макели, ќе ја дели правдата на реваншот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Карабах и Шкендија, кој се игра во вторник во 18:00 часот во Баку.

На Макели ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан Де Врис, додека четврти судија е Марк Нагтегал. ВАР Судија е Денис Хиглер, додека асистент ВАР Ричард Мартенс. Контролор на судењето Алан Марио Сант од Малта, додека делегат ќе биде Иштван Хуцлар од Унгарија.

По првиот меч, Карабах има предност од 1-0, и сега Шкендија ќе треба да оствари било каква победа, ако сака да се пласира во плеј-офот. Минимална победа го носи мечот кон продолженија, додека победа со повеќе од два разлика ќе го однесе тимот од Тетово кон пле-офот во најелитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...