Познатите холивудски актери, Рајан Рејнолдс и Роб Мекелхени се нови сопственици на англискиот нисколигаш Врексам. Двајцата оптимистички гледаат на на иднината на клубот.
Токму Рејнолдс смета дека тие и сите во клубот мора да сонуваат дека еден ден може да стигнат и до титулата во Премиер-лигата.
„Никој до сега не успеал да се искачи до Премиер-лигата од ранг во кој што е нашиот клуб. Некои стигале до Чемпионшип, но никој никогаш до Премиер-лигата. Мора да сонуваме дека еден ден можеме да стигнеме и до титулата во Премиер-лигата. Ако не размислувате на таков начин тогаш никогаш нема тоа да го остварите“, изјави Рејнолдс.
Рејнолдс и Мекелхени го купија клубот годинава, а тимот во моментов е во петтата по ранг лига во Англија и во моментов се наоѓа на 11. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА