Екипата на Боависта оваа сезона ја почнаа одлично. Едно време беа и на првото место на табелата, а потоа дојдоа проблемите. На играчите им дојде преку глава, па се одлучиле за очајнички потез – одбиваат да тренираат затоа што не добиле плата за изминатите три месеци.
Финансиската ситуација е катастрофална, а освен играчите, загрозени се и другите вработени во клубот, кои се без примања четири месеци.
Со надеж дека одбивањето на тренирање ќе ја смени ситуацијата, фудбалерите штрајуваа, свесни дека до следниот меч со Гил Висенте на 30. декември ќе има доволно време да се подготват, и дека еден тренинг нема да влијае на нивната подготовка.
Боависта е најуспешен клуб во Португалија после големата „тројка“ Спортинг, Порто и Бенфика. Во својата историја играа и во Лигата на шампионите, но сега се соочуваат со тешки мигови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

