Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе се врати на патеката дури следната сезона, потврдија од Дукати.
Во инцидентот на Големата награда на Индонезија, кога Марко Беѕеки го исфрли од патеката, Маркез претрпе скршеница на клучната коска и оштетување на лигаментите, што го држи надвор од акција од почетокот на октомври.
Шпанецот претходно ја обезбеди својата деветта светска титула, прва по шест години. Тестовите што ги спроведе Маркез во Мадрид оваа недела потврдија дека тој нема да биде подготвен за големото финале од сезоната и ќе ги пропушти последните две трки – во Портимао и Валенсија. Покрај тоа, новиот шампион нема да биде на патеката за тестовите за следната сезона закажани на патеката Рикардо Тормо на 18. ноември, два дена по последната трка од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

